На Велс за справување со загадениот воздух му треба една милијарда фунти

Велс се соочува со сериозна криза поради загаден воздух за чие надминување се потребни милијарда фунти, тврди Единствената британската добротворна фондација која се грижи за здравјето на белите дробови на нацијата, а пренесува порталот „Велс онлајн“.

Во март годинава владата на Велс прогласи вонредна состојба, но дури и тогаш, недоволно внимание беше посветено на штетниот ефект од загадувањето врз здравјето на луѓето и не беа преземени позначителни мерки за подобрување на состојбата. Најновите истражувања во Велика Британија укажуваат на бројни последици врз здравјето на нацијата поради недостатокот на чист воздух, од појавување на сѐ повеќе случаи на астма до деменција и нарушено ментално здравје.

Треба да знаете
Последни објави