Проектот 955А (класа Бореи-А-класа) нуклеарна подморница „Књаз Владимир“ за првпат лансираше балистичка ракета „Булава“ за време на тестирањата во Белото Море, објави Министерството за одбрана на Русија.
„Прв пат досега беше тестирана морската балистичка ракета „Балава“ од најновата стратешка подморница носач на проектили од Проектот Бореи-А, „Књаз Владимир“, велат од Министерството.
Подморницата ја лансираше ракетата „Булава“ од под вода за време на планираните испитувања. Ракетата била лансирана од Белото Море кон полигонот за тестирање проектили „Кура“ во регионот Камчатка на Далечниот исток.
Летот на „Булава“ се одвивал во нормален режим и „нејзините лажни боеви глави го достигнале опсегот во рамките на утврденото време“, се вели во извештајот.
Сите подморници од класата Бореи можат да носат до 16 проектили „Булава“ и се опремени со 533-милиметарски торпеда.