Гинисовата книга на рекорди му оддаде признание на стоматологот од Офенбах за вадење заб долг 37 милиметри на пациент кој се жалел на болка.
Во исто време, тој заб е запишан во книгата како најдолг човечки заб, пренесува „Дојче веле“ на англиски јазик.
Ова се случило минатата година во Мајнц, а се наведува дека три четвртини од забот биле под непцето на горната вилица.
Хрватските медиуми објавија дека пациентот на кој му е изваден забот е Хрватот Мијо Водопија (63).