Карл Ентони Таунс со неверојатна партија го обележа натпреварот помеѓу Минесота Тимбервулс и Сан Антонио Спарс. Волците славеа победа 149:139, а Таунс натпреварот го заврши со 60 поени и 17 скокови.
Центарот на Минесота, кој на Ол-стар викендот победи во натпреварот, во шутирање тројки, од игра шутираше 19/31, во статистиката запиша три асистенции и една украдена топка. Таунс постави нов рекорд на франшизата од Минеаполис. Ова е најдобриот индивидуален учинок на еден играч од почетокот на сезоната.
Таунс го поништи учинокот на најефикасните играчи на Сан Антонио, Келдон Џонсон (34 поени, 8 скока, 4 асистенции) и Дежонте Мареј (30 поени, 12 асистенции).
Волците во чекот го следат Денвер и се надеваат дека до крајот на регуларниот дел ќе успеат да дојдат до шестото место на Западот.