САД стравуваат дека во идните претседателски избори, освен Русија, би можеле да се мешаат и Кина, Иран и други земји. Американските власти се предупредени дека попречувањето на изборите би можело да биде поврзано не само со хакерање на кампањи, туку и со ширење на дезинформации преку социјалните мрежи, како и со пробивање во датотеката со гласачки списоци.
– За жал, не станува збор само за Русија. Кина, Иран и некои други земји проучуваа што направија Русите (за време на претседателските избори) во 2016 година, изјави експерт за кибер безбедност во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон. Џејмс Луис.
Ники Флорис од ФБИ вели дека Кина спроведува различни операции и дека таа агенцијата, покрај Русија, посебно ќе внимава и на Кина.
Американските разузнавачки агенции, за време на минатогодишните избори за Конгресот, забележале операции на руските, кинеските и иранските служби .
„Мајкрософт” соопшти дека ирански хакери биле насочени кон неидентификувана претседателска кампања, заедно со владини претставници, новинари и истакнати Иранци од странство.