Врховниот лидер на Исламската Република, Али Каменеи, ги повика ирачкиот и либанскиот народ да ја задржат стабилноста во своите земји во екот на масовните немири, тврдејќи дека протестите се поттикнати од Вашингтон и од арапските држави, пренесува „Спутник“.
Насилните протести во Ирак што избувнаа во последниве месеци доведоа до забрана на социјалните мрежи и комуникациски програми, како и до воведување полициски час во повеќе градови. Демонстрантите се спротивставуваат на влошените јавни услуги и корупцијата, барајќи од владата да си даде оставка.
Демонстрациите во Либан беа предизвикани од најавените даночни зголемувања кај тутунот и интернет повиците, но продолжија дури и откако владата ги откажа овие планови. Иако протестите во најголем дел не резултираа во судири со полицијата, тие предизвикаа масовни блокади на патиштата низ целата земја.
Претходно, масовните протести во Ирак доведоа до драматични судири, во кои беа убиени околу 250 луѓе, додека митинзите во либанската престолнина Бејрут го принудија премиерот Саад Харири да ја објави својата оставка.