Локални овчари нашле вистинско богатство кое се проценува на 25 милиони американски долари, сокриени во пустинта во западен Ирак, кое во текот на изминатите години го ограбувале и криеле челниците на ултрарадикалната сунистка организација Исламска држава (ИД), тврди еден од советниците на ликвидираниот челник на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади во разговор за саудиската телевизијата Al-Arabiya.
Според сознанијата, џихадистите криеле американски долари, злато и сребро во пустинскиот дел од западната покраина Анбар, што вкупно изнесува 25 милиони долари. Тајниот „трезор“ на Исламската држава сосема случајно го пронашле, локалните овчари. Во пустината на Анбар во разни номадски или постојани кампови, се проценува дека живеат околу 50.000 луѓе.
За скриеното богатство на Исламската држава закопано во ирачката пустина во износ од 25 милиони долари, зборувал еден од советниците на Абу Бакр ал-Багдади. Мохамед Али Сајет, кој бил во средство со ал-Багдади, тврди доларите, златото и среброто биле загубени а подоцна ги пронашле локални овчари. Во разговор за саудиската телевизија Al Arabiya во неделата, Сајет кој сѐ уште е во притвор во Ирак, рекол дека челниците на Исламската држава, вклучително и самиот тој, ги закопувале доларите, златото и среброто во пустината. Тој тврди дека богатството од 25 милиони долари било загубено во покраината Анбар, а подоцна пронајдено од овчари.
Притоа опишува и едно од тајните места на ал-Багдади, велејќи дека станува збор за подземен бункер во кој имало мноштво верски текстови и документи.
Сајет бил едно од неколкуте доверливи лица кои предале информации за ал-Багдади кои подоцна на разузнавачките служби им помогнале да го следат неговото движење.
Мохамед Али Сајет, кој со ал-Багдади бил роднински поврзан преку брак, односно е зет на една од неговите жени, и бил член на Исламската држава од 2015 година, пред два месеца бил уапсен од ирачките служби во близина на Багдад. Според медиумите, тој им кажал на ирачките власти за можната локација на ал-Багдади во Сирија и, исто така, дал поединости за неговата улога на курир на шефот на џихадистичката групација.
Сајет во разговорот вели дека лидерот на Исламската држава не очекувал операција против него, бидејќи презел „високи безбедносни мерки“, и додава дека тактитките за криење на ал-Багдади биле „одлични“. Сепак, вели дека кога последен пат се сретнале ал-Багдади била влошена неговата безбедност, и оти сакал да ја смени својата локаци на сириско-ирачката граница, но „не знаеше како“.
„Тој беше во подземен тунел долг осум метри со широчина од пет до шест метри. Имаше библиотека, верски книги и Куранот… ситуацијата таму беше добра“, додава.