Заев се извини за гестикулацијата во Прилеп

Ако некого сум повредил сакам да се извинам, рече денес премиерот Зоран Заев објаснувајќи што му значела гестикулацијата во Прилеп која предизвика бурни реакции во јавноста.

Вели дека намерата му била да биде природен и да покаже дека нема лесно да ја предаде власта на некој што повеќе од десет години ја уништувал државата.

„Јас сум едноставен и во гестикулациите и во зборовите. Се извинувам ако некој е навреден. Сакав да покажам дека ќе има борба за нашата држава, за нашиот народ“, рече премиерот Заев нагласувајќи дека ќе се бори до крај.

Во саботата на трибина во Прилеп премиерот Заев од бина, зборувајќи за неговиот политички опонент Христијан Мицкоски, направи гестикулација со раката која јавноста ја оцени како недолична и навредлива.

Треба да знаете
Последни објави