Во американската сојузна држава Џорџија се гони педофил осуден за силување на дете.
Тој бил осуден на доживотен затвор, а минатата недела по грешка ослободен, јави „Фокс њуз“, повикувајќи се на соопштение за медиумите од затворот во Џорџија.
*Press Release* Inmate Escape / Release in Error–> https://t.co/PfDoGg2JP1 pic.twitter.com/X6VEAVAujm
— Georgia Corrections (@GA_Corrections) October 28, 2019
Тони Мејкон Муњоз Мендез (31) бил ослободен по грешка од државниот затвор „Роџерс“ во руралниот округ Татнал.
Сепак, не се пренесуваат повеќе детали за тоа за каква грешка станува збор.
Тоа се случило околу 11:30 часот во петокот, соопштиле од затворот.
„Ги користиме сите наши ресурси за брзо фаќање на престапникот“, додале од таму.
Муњоз Мендез бил во затвор од 2015 година, откако бил осуден за силување и сериозно малтретирање на девојче под 10 години во округот Гвинет, пренесе „Фокс њуз“.