Официјално писмо во кое Грчката православна црква (ГПЦ) ја признава Украинската православна црква (УПЦ) испратил архиепископот на Атина и цела Грција, Јеронимос до украинскиот митрополит Епифаниус, објавија грчките црковни медиуми. Според истите информации, дописот бил испратен на 21 октомври 2019, а со тоа беше официјализирана одлуката на Светиот синод на ГПЦ од пред 20ина дена, jави дописничката на МИА од Атина. На 12 октомври 2019, архиепископот на Атина и цела Грција, Јеронимос претседаваше на вонредниот состанок на Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) за украинското прашање, а во неговото обраќање, прогласувањето автокефалност на Украинската православна црква (УПЦ) го карактеризираше како „особено корисно за Православната црква и драгоцено за зајакнување на односите меѓу црквите на Русија и Украина” и предложи ГПЦ да ја признае УПЦ.
Грчкиот портал за црковни вести „Ортодоксиа”, објави фотографии од писмото испратено од Јеронимос до Епифаниус.