Учителка прегледала диктат на основец, па напишала коментар кој ги разгневи родителите

На фејсбук-страницата „Подгорички времеплов“ неодамна беше објавена фотографија на диктат на ученик од трето одделение. На него, напишан со црвено пенкало, се гледа и коментарот на наставничката кој налути холем број корисници на социјалните мрежи.

Како што можете да се види на фотографијата, детето, кое, наводно, оди во трето одделение, напишало диктат.

Откако наставничката го претледала, таа била очигледно незадоволна од неговата работа.

„Ужас“, напишала наставничката со црвено пенкали и ставила извичник на крајот од својот коментар.

Родителот, откако детето му ја покажало работата, допишал свој коментар во однос на работата на наставничката.

„Вака не се дава волја за учење. Во мое време се пишуваше ‘не е добро, вежбај повеќе’. A ужас е наставничката која го напишала ова, затоа што ваша работа е да ги научите децата, а не моја“, напишал револтираниот родителот на крајот од трудот.

Многумина се согласија со коментарите дека наставничката не постапила како професионален работник, но има такви кои сметаат дека оценката на наставниката е соодветна.

„’Родителот да учи за правопис и падежи, а потоа да коментира’. ‘Учителката да фати работа што нема никаков контакт со педагогија, затоа што веројатно го прескокнала факултетот’. ‘Во мое време ваков диктат во 3. одделение се оценуваше со недоволен (1)“, биле некои од коментарите во однос на оваа фотографија.

Треба да знаете
Последни објави