Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски продолжуваат со реализација на ветувањата од изборната кампања.
На прав пат сме. Ѓорче добива ново, уникатно и препознатливо место за рекреација, дружење, одржување на културно-уметнички манифестации.
Откако заврши првата фаза, во тек се подготовките за втората фаза од изградбата на Корзото во Ѓорче Петров.
По поставувањето на подземната инсталација и нивелација на земјиштето, забрзано се работи на уредување на просторот, за подигнување на павилјонот, скалите за амфитеатарот, како и плочникот.
Со реализација на оваа капитална инвестиција Ѓорче Петров ќе го врати симболот и некогашниот сјај, но и ќе го унапреди заедништвото и позитивно ќе влијае врз социјалниот живот на граѓаните.
Градиме по план, го унапредуваме квалитетот на живот на граѓаните во Ѓорче Петров.