Жозе Мурињо сака да стане првиот менаџер кој ќе освои значајни почести со три различни клуба во Премиер лигата. Според „Сан”, ова е една од главните причини зошто Португалецот сè уште го одложува враќањето во професијата.
Пред неколку недели се тврдеше дека Тотенхем е меѓу потенцијалните опции, но во последните два дена се шпекулира дека Арсенал наскоро може да бара нов менаџер и да се обрати кон Специјалниот.
Мурињо веќе одби неколку понуди за работа во последните 10 месеци затоа што не смета дека тие биле најпогодни за него.
Борусија Дортмунд и евентуалното враќање во Реал Мадрид се други актуелни опции за кои се шпекулира во медиумите како идни професионални ангажмани за Португалецот.