Нашата стратешка цел беше да го реализираме „Планот за живот”, а тој план се базираше на економски развој, тој план значеше враќање на парите кај граѓаните, развој на економијата, стопанството, земјоделието, здравствто. Денеска ако погледнеме што е тоа направено, нашата листа е долга на исполнети ветувања, за неполни 2 и пол години реализиравме повеќе од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години, порача потпретседателот Спасовски пред огромниот број присутни граѓани и граѓанки на Кавадарци.
Спасовски пред преполната сала на Домот на култура „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци потенцираше дека државата продолжува по прав пат.
Нема тука да застанеме, додека ВМРО-ДПМНЕ грабаше од граѓаните ние преку реални мерки ги враќаме парите назад кај граѓаните. Преку проектот „Мој ДДВ” парите директно се враќаат во секој семеен буџет, секој граѓанин е финансиски инспектор, се сузбива сивата економија. Граѓаните и државата се наш приоритет, заклучи Спасовски.