Вориорси изгубија и останаа без Кари, Ембид и Таунс се степаа

Тимот на Голден стејт се соочува со големи проблеми на почетокот на сезоната во НБА лигата. Вориорс ноќеска го претрпеа третиот пораз во четвртиот дуел сезонава, но загубата е многу поголема поради повредата на нивниот најдобар играч, Стеф Кари кој заработи скршеница на дланката.

Повредата на Кари се случи во третата четвртина кога при еден негов влез кон кошот, врз него стартуваа двајца играчи на Феникс и при тоа еден од нив падна директно на раката на извонредниот плејмејкер.

Колку долго ќе трае рехабилитацијата на Кари ќе се знае во текот на денешниот ден.

Џејмс Харден одигра уште еден фантастичен натпревар овој пат против Вашингтон Визардс. Харден во победата од 159:158 постигна дури 59 поени. Неговиот соиграчРасел Вестбрук оствари учинок од 17 поени, 10 скокови и 12 асистенции. Кај Визардси Бил беше најдобар со 46 поени.

Момент кој ја обележа вечерта се случи и на натпреварот помеѓу Филаделфија и Минесота кој домаќините го добија со 117:95. На оваа средба после еден дуел во физичка пресметка влегоа Џоел Ембиди Карл Ентони Таунс.

Очекувано после инцидентот и двајцата беа исклучени сигурно ги очекуваат и дополнителни казни.

Лос Анџелес Клиперси го претрпеа вториот пораз сезонава. После Феникс сега Јута оствари победа против Клиперси. Конли на овој натпревар беше најефикасен со 29 поени, потоа следуваше Вилијамсод Клиперси со 24.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта среда кон четврток:
Кливленд – Чикаго 117:111
Орландо – Њујорк 95:83
Филаделфија – Минесота 117:95
Бостон – Милвоки 116:105
Бруклин – Индијана 108:118
Торонто – Детроит 125:113
Оклахома – Портланд 99:102
Вашингтон – Хјустон 158:159
Сакраменто – Шарлот 111:118
Јута – ЛА клиперс 110:96
Голден Стејт – Феникс 110:121.

Со максимален ефект се само Филаделфија (4-0 победи-порази) и Сан Антонио (3-0).

Треба да знаете
Последни објави