Зелената партија ДОМ бара од државниот, градскиот и општинските инспекторати, засилени инспекциски контроли и санкционирање на загадувачите.
Како што велат од таму новиот Правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарни извори во воздухот овозможува инспекторите построго да ги санкционираат загадувачите на воздухот.
„Измената на Правилникот ја иницираше раководителот на градскиот инспекторат во Скопје, Мирослав Богдановски, откако минатата година при инспекциски надзор и извршено мерење биле утврдени покачени емисии од едно правно лице, а постојниот Правилник не давал можност за санкција. Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска организираше формирање на работна група за изменување и дополнување на Правилникот, во која учествуваа стручни лица од Министерството, акредитирани лаборатории, претставници на инспекторатите и здружението на граѓани О2 иницијатива“, појаснуваат од ДОМ.