И премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче во ниту еден јавен настап на која ја третираат темата здравство не изоставуваат да ги споменат специјализантите како група на која и ги решиле проблемите.
Тврдењата дека прашањата за специјализантите се затворени се далеку од вистината. Сите т.н. мерки кои власта ги презема се популистички и некомплетни. Имено, една цела група на кофинансирани специјализанти не се опфатени со законските измени со кои се регулира времето на одработување во јавните здравствени установи по завршување на специјализацијата. Како и висината на финансиските средства кои специјализантите треба да ги враќаат доколку дојде до раскинување на договорот.
Ваков дискриминирачки третман не заслужува ниту еден лекар кој поминал години интензивно високо образование и бил спремен да остане и да придонесе во развојот на здравството во својата земја.
Дали се работи за недостаток на политичка волја или пак свесно оставање простор за манипулација со оваа група специјализанти е помалку важно, она што е суштински застрашувачко е дека заминувањето на младите лекари од Република Македонија до октомври 2019 година е најголемо во историјата од осамостојувањето на нашата држава.
Веќе не се во прашање само ниските плати и лошите услови за работа, се повеќе станува збор за одговор на потценувањето на интелигенцијата на младите лекари и секојдневните понижувања кои ги трпи лекарската фела.