САД одобри продажба на два хеликоптера „блек хок” на Хрватска

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на два хеликоптера „блек хок” со опрема за Хрватска, во вредност од 115 милиони американски долари, јави ХРТ.

Стејт департментот за оваа одлука го извести Конгресот на САД.

Како што се наведува, зеленото светло на Стејт департментот е важен процедурален дел од можната трансакција чии детали ќе ги договорат Пентагон и хрватското Министерство за одбрана.

Минатата година, Соединетите Американски Држави одобрија воена помош на Хрватска од 53 милиони долари за развој на хеликоптерски способности.

Во рамки на таа помош, Хрватска ќе добие два хеликоптера „блек хок”, опрема и резервни делови, како и обука за летање.

Во меѓувреме, според ХРТ, Хрватска одлучила дополнително да ги модернизира своите борбени ескадрили и да набави дополнителни хеликоптери и воена опрема.

Треба да знаете
Последни објави