Според официјалното соопштение, еден од четирите реактори во унгарската нуклеарна централа „Пакс“ е затворен од автоматски одбранбен систем, пренесува „Спутник“.
Сличен инцидент се случи во 2016 година кога одбранбениот механизам го затвори Реакторот 1 поради дефект на опремата, но немаше закана, па истиот беше вратен во полн капацитет следниот ден.
„Пакс“, пуштена во употреба во 1982 година, е првата и единствена нуклеарна централа во земјата и обезбедува до 40 отсто од електричната енергија.
Будимпешта, сепак, планира да го прошири „Пакс“, па дури и склучи договор со руската државна компанија „Росатом“, која се очекува да започне со изградба на два реактора ВВЕР-1200 годинава.