За 15 отсто зголемени бодовите за матичните лекари, се грижиме за лекарите и граѓаните

Прес конференција, Мери Лазарова, пратеничка од СДСМ и коалицијата

„Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките од Програмата што обезбедуваат  подобри услови за работа на здравствените работници и поголема грижа за граѓаните.

Матичните лекари и гинеколози од 1 октомври добиваат зголемување на бодот за капитација од 8 денари што е за 16 отсто повеќе од досега.

8 денари зголемување добиваат и матичните стоматолози, што е зголемување од 20 отсто.

Го зголемуваме и надоместокот за приватните специјалисти стоматолози по протетика и орална хирургија, кои наместо сегашните 90.000 денари ќе добиваат 103.000 денари месечно.

Висината на надоместокот на приватните специјалисти-ортодонти од 97.000 денари се качува на 111.000 денари месечно.

Се зголемува и надоместокот  за сите останати приватни специјалисти од другите дејности кои имаат договор со Фондот, кое изнесува околу 15 отсто, за што се обезбедени вкупно  62,5 милиони денари.

Почитувани,

За оваа мерка која е дел од реформата на примарното здравство, во буџетот се обезбедени 465 милиони денари за зголемување на надоместокот што го примаат матичните лекари по пациент.

Тоа се пари на граѓаните, кои се враќаат како поддршка на матичните лекари , за помотивирани лекари и поквалитетни здравствени услуги.

Со оваа реформа ја поттикнуваме превентивата во примарната здравствена заштита, се со цел за спречување и рано откривање на болести, како и навремено лекување и соодветно водење на пациентите со хронични болести.

Матичните лекари ќе можат да препишуваат лекови, кои досега не можеа да ги препишат без дозвола од специјалист.

Почитувани,

Ова е една од мерките, со која заедно со повисоките плати во секундарното и терциeрното јавно здравство, се спречува одливот на медицинскиот кадар од јавното здравство, а граѓаните добиваат здравствени услуги со подобар квалитет и поширок спектар.

СДСМ како одговорна партија, ги реализира своите ветувања, ги враќа парите кај граѓаните и создава услови за поквалитетен живот за сите граѓани.

На прав пат сме, обезбедуваме раст на платите во здравството на сите нивоа, ја унапредуваме здравствената заштита и грижата за граѓаните“.

Треба да знаете
Последни објави