И екипата на Фулам успеа да му „земе скалп“ на Челси, и да ја продлабочи кризата на лондонските „сини“. Неуспешно деби за тимот на Потер имаше и Жоао Феликс кој беше исклучен во 58. минута при 1-1, факт кој Фулам го искористи за предности на крајот за победа.
Екс играчот на Челси, Вилијан успеа да донесе водство во 25. минута. Кулибали во 47. минута израмни. Карлос Винициус во 71. минута носи предност за Фулам, предност која беше задржана до крајот за голема победа на лондонскиот тим.
Челси има само еден триумф на последните девет меча во Премиерлигата, и ако продолжи вака тешко дека ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.