Георгиевски беше прв носител на турнирот „Софија Опен“, а до финалето стигна со две победи, и тоа против Србинот Михајло Радаковиќ со 19-5, а потоа и со шпанскиот таеквондист Касадо (14-4).
Најуспешниот македонски таеквондист минатото лето успеа да го постигне најголемиот успех за Македонија на Летните олимписки игри (ЛОИ), кога го освои сребрениот медал.