Италјанскиот фудбаски шампион Јувентус ќе се обиде со 40 милиони евра да го ангажира норвешкото фудбалско чудо од дете – Ерлинг Браут Халанд кој сезонава растура во дресто на австрискиот Салцбург.
Норвежанецот има 19 години, а сезона на 15 натпревари во сите конкуренции има постигнато 22 гола. Во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите има постигнато шест гола на три меча. Овие настапи и голови се и повод да се зборува се погласно за негов трансфер.
За услугите на Ерлинг Браут Халанд интерес покажуваат повеќе екипи од најсилните европски лиги, а Јувентус се надева дека ќе ја добие трката со понудата од 40 милиони евра. Новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Скиро додава дека „старата дама“ во оваа битка чека и помош од агентот Мино Рајола, кој ќе се погрижи талентираниот голгетер да тргне кон Торино.