Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп денес го посети лидерот на АА Зијадин Села, во просториите на АА во Скопје. Во оваа средба, лидерот на АА изрази загриженост во врска со скептицизмот на Холандија за Северна Македонија и нејзиното влијание на патот кон ЕУ, како и за реформите што РСМ мора да ги постигне.
Лидерот на АА, г.Села од блиску му ги објасни на амбасадорот напорите на АА во однос на основните реформи што ние како држава треба да ги постигнеме, како што се борбата против криминалот и корупцијата, независното судство, слободата на медиумите и административни реформи во целина.
Во овој поглед, важно е да се каже дека амбасадорот Јан Коп силно ја поддржува идејата на Алијансата за Специјалното Јавно Обвинителство да продолжи да работи, предводено од Специјален обвинител од земјите на Европската Унија.
Лидерот на АА во некои точки исто така изрази поддршка за Албанија и Македонија да добијат заедно датум без разделување, истовремено потенцирајќи дека исто така и Косово заслужува да влезе на овој пат што е можно поскоро.
На средбата беше разговарано и за предвремените избори што треба да се одржат во април 2020 година.