Актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром со новиот тренер Александар Петровиќбеше подобар од својот најстар и најлут ривал Работнички, стигнувајќи до 83:89 „гостинска“ победа, нивна шеста едноподруго во Првата лига, доближувајќи се до лидерот Пелистер.
По сите проблеми со заминувањето на играчи на Работнички, тие покажаа дека дербито ги мотивира, оддржувајќи рамномерна игра и дури доаѓајќи во предност (46:45) на полувреме.
Сепак, во третата четвртина, „металците“ направија серија и дојдоа до 11 поени предност, за на крај да го изддржат притисокот и да стигнат до победа.
Дејвис со 21 поен и осум скока беше лидер кај победникот, Војдан Стојановски постигна 14, Немања Милошевиќ 13 поени, додека Кристијан Николов реализира 11, а Роберт Рикиќ 10 поени.
Кај Работнички Едвин даде 33 поени, Геди па заврши со 13 кошеви.
МЗТ со учинок 14-3 е на второто место, Работнички со 7-10 е на осмата позиција на табелата.