Во момент кога во Ирак се одржуваат масовни протести поради корупцијата, невработеноста и лошите јавни услуги, претседателот Бархам Салих денеска изјави дека премиерот Адил Абдул-Махди ќе поднесе оставка од својата функција, исполнувајќи ги барањата на демонстрантите.
Салих нагласи дека премиерот ќе ја напушти функцијата, само доколку политичките партии во земјата договорат негова замена, со цел да се избегне уставен вакуум.
Шефот на државата истакна дека Ирак се подготвува за предвремени избори согласно новиот изборен закон.