Русин под дејство на алкохол, со нож убил шестгодишно момче откако провалил во дневен центар во градот Нарјан-Мар на североисток од европскиот дел на Русија.
Ова го соопшти Рускиот истражен комитет, додавајќи дека напаѓачот бил уапсен.
Во соопштението се наведува дека напаѓачот го убил момчето со убоди од нож додека тоа спиело во центар за дневна грижа во Нарјан-Мар.
Напаѓачот е идентификуван како 36-годишен локален жител кој бил под дејство на алкохол, пренесе агенцијата „Тасс“.
Против него е покрената кривична постапка за убиство на малолетник во главниот град на автономната област Ненец.
Против управителите на градинката и приватната служба за обезбедување е покренато обвинение за занемарување и не обезбедување услуги што гарантираат безбедност по животот и здравјето.