Општина Аеродром денеска објави прашалник за прибирање предлог-локации за садење нови дрвја на јавни зелени површини во текот на ноември.
Се повикуваат граѓаните до 10.11.2019 годинада даваат свои предлози за садење дрвја што се наоѓаат на јавното зеленило под ингеренции на Општина Аеродром, односно локации покрај улици, јавни зелени површини и места каде што досега не биле насадени дрвја или биле исечени.
Граѓаните ќе можат да ги даваат своите предлози на следниов линк:https://bit.ly/2q4ew0n
Предлозите ќе бидат земени предвид доколку бидат исполнети условите на терен, односно земјиштето да е во сопственост на државата и садењето да не ја оштетува подземната инсталација.
Општина Аеродром за есенското задење дрвја има обезбедено околу 3.000 различни видазимзелени и листопадни садници, а во изминатата година на територијата на Општината беа засадени над 2.000 високостеблести дрвја.