Штајнмаер: Да го свртиме вниманието од твитовите кон зајакнување на односите меѓу Германија и САД

 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер за време на посетата на САД повика на свртување на вниманието од „твитовите” кон зајакнување на односите меѓу двете држави.

Штајнмаер одржа краток говор во Гете институтот во Бостон, пред да присуствува на заедничкиот концерт на Симфонискиот оркестар во Бостон и гостинскиот оркестар на Лајпциг Гевандхаус.

– Дојдов овде како федерален претседател да ги подигнам нашите погледи подалеку од секојдневниот акцент на твитовите и тирадите и ширењето негодување, кое честопати е и предвидливо и неефикасно, рече Штајнмаер во коментар кој се однесуваше на  американскиот претседател Доналд Трамп.

Штајнмаер зборуваше и за минатото на Америка, која „сакаше вистинско партнерство и пријателство со взаемно почитување” и рече дека „Германија и го должи на Америка  своето единство и слобода”.

Причината за неговото патување во САД е 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, што ќе се одбележи во ноември. Штајнмаер рече дека двете нации „си требаат една на друга за демократијата и слободата да имаат иднина во светот”.

Треба да знаете
Последни објави