Хајди Клум доминираше со својот костим на Ноќта на вештерките

Хајди Клум (46), неприкосновената кралица на Ноќта на вештерките, со месеци планира каков костим да носи на 31 октомври.

Оваа година, таа со својот тим се надмина себеси, бидејќи се појави во најкомплицираниот костим што една јавна личност некогаш го има носено.

Како изгледал нејзиниот костим, како и целиот процес на облекување  Хајди Клум го сподели на социјалната мрежа „Инстаграм“. Оваа убавица стана чудовиште, а секој милиметар на неа бил направен за да изгледа страшно и непрепознатливо.

Интересно е што подготвувањето на Хајди се одвивало во излог, така што секој што сакал можел да гледа во живо како изгледа маскирањето на Клум.

Хајди е голем љубител на Ноќта на вештерките, и со години организира забава на која присуствуваат многу познати личности.

https://www.instagram.com/p/B4TS1xIpB1T/

Треба да знаете
Последни објави