Некогаш „срам за Италија“, а денес европски туристички центар

Италијанскиот град Матера привлекува сè повеќе туристи заради неговата едноставност.

Еден од најстарите населени градови во светот, годинава е избран за Европска престолнина на културата. Станува збор за локација каде што луѓето живееле уште од неолитско време и се наоѓа на списокот на заштитено наследство на УНЕСКО, па затоа би требало да се најде и на списокот на италијански градови што треба да се посетат.

Матера е втор по големина град во регионот Базиликата, кој се наоѓа на југот на земјата. Се работи за првиот град во Југоисточна Италија кој е додаден на списокот на светско наследство во 1993 година.

https://www.instagram.com/p/B4DZZkfI2sp/

Матера на оваа листа прво се нашла поради пештерите во карпите, познати како „Саси“, кои луѓето започнале да ги населуваат уште во 8. век пред нашата ера, а од ваквите наслеби подоцна се создал и самиот град.

Но, во Матера не секогаш било добро за животот. По Втората светска војна, ситуацијата во градот и регионот била толку депресивна, па целата област била нарекувана „срам за нацијата“. Сепак, животот се вратил таму по некое време, а градот станал популарна локација за филмските продукции. Така, таму биле снимени сцени од филмскиот хит на Мел Гибсон „Христовото страдање“, како и хитот „Вондер воман“.

https://www.instagram.com/p/B4G6ZkfIR6Q/

Свеченото прогласување на Матера за град на културата е планирано за 19 јануари, а истото ќе биде пропратено со стари музички традиции од регионот.

Треба да знаете
Последни објави