Стартува проектот за изградба и санација на локални патишта со 70 милиони евра од Светска Банка

Функционална е проектната единица што ја формираше Министерството за транспорт и врски за спроведување на проектот за изградба и санација на локални патишта и улици,  што ќе се спроведува со 70 милиони евра од Светска Банка, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Општините ќе доставуваат проекти до тимот што ја сочинува проектната единица формирана на барање на Светска банка од каде и се утвредни критериумите, кој  ќе ги одобрува или враќа. Првите тендери се очекуваат месецов, а градежните работи се планирани за почетокот на градежната сезона.

– Градоначалниците интензивно носат проекти за изградба на локални патишта и улици. Очекуваме  имплементацијата на проектот да почне со новата градежна сезона и на тој начин да реализираме голем дел од  проектите ветувани од страна на централната власт во рамки на општините, изјави Сугарески, при увидот за асфалтирање на улица во населбата Волково во Општина Ѓорче Петров, која е дел од 33. оштетени улици од поплавите од пред две години. Директорот на Јавното претопријатие за државни патишта (ЈПД) Зоран Китанов најави дека за една недела треба да пристигнат проектите за рехабилитација на 19 патни делници низ цела држава во должина од 334 километри со програмата од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Како што дополни, во постојана соработка се со сите општини и во Програмата за работа ги ставаат барањата за изградба и санација на патишта, мостови, свлечишта. – Не случајно годинава имаме огромна реалзиација на рехабилитација на патишта. Од 2007  до 2016 година се рехабилитарни 650 километри патишта, а овие две години 500 километри. Минатата недела завршиле тендерите за уште девет патни правци во должина од 100 километри, а за една  недела треба да стасаат проектите за реахабилитација на 19 делници низ целата држава во должина од 334 километри со програмата од Европската банка за обнова и развој.  Веднаш ќе се пристапи кон тендерирање и таму каде ќе дозволат временските услови ќе се почне со работа, изјави Китанов, дополнувајќи дека е при крај и тендерот за рехабилитација и реконструкција на Искрин мост кај Куманово.

Оштетените  33 улици од поплавите во Ѓорче Петров се санираат со околу 500 илјади евра, со одлука на Владата исто како и за поплавената инфраструктура во Стајковци и проектот се заокружува. Во Општина Ѓорче Петров, информираше градоначалникот Александар Наумовски, изминатите две години се реализирани капитални инвестиции од 3,5 милиони евра во руралниот дел.  Во тек е тендерот за новиот клинички центар што ќе се гради на локацијата Веле поле во оваа општина.  – Со ЈПДП веќе  се во тек преговори за проектирање на главните примарни и секундарни сообраќајници и планираната клучка, со што картата на општината ќе биде сменета и граѓаните ќе имаат огромен бенефит, изјави Наумовски.

Најдоцна за две недели треба да биде објавен тендер за  втората фаза на канализацискиот систем во општината. Во тек е тендер за изградба на градинка во Волково, ќе стартува проширувањерто на кружниот тек на патот кон Кучково, во вредност од 600 илјади евра, а ќе се гради и спортска сала во ОУ „Јоаким Крчовски

Треба да знаете
Последни објави