Пандев: Дојдов во Парма затоа што верувам дека можеме до плеј-офот!

Горан Пандев поради повреда веќе две недели не е во составот на Парма, а сега имаше интервју за „Спорт Италија“.

Оваа змина Пандев неочекувано од Џенова се пресели во Парма каде што брани легендарниот Буфон кој пред два дена го продолжи договорот со „млекарите“. Пандев посочи дека е среќен во Парма„Фокусиран сум на Парма и работам напорно за да се вратам на теренот. Паралелно работам и терапии и тренинзи, па немам време да размислувам за ништо друго. Сконцентрирам сум на Парма за да се вратам побрзо на теренот и да им помогнам на соиграчите“.

„Во Парма пронајдов семејство и сум многу среќен. Знаев дека доаѓам во голем клуб со фантастични навивачи, а претседателот Крусе ме изненади затоа што секој тренинг е со нас. Навистина многу се грижи за сите нас и тоа е важно за фудбалерите. Дефинитивно сакам да покажам се на теренот, се уште сакам да постигнувам голови. Дојдов затоа што верувам дека можеме до плеј-офот иако заостануваме“.

„Среќен сум за Џиџи, тој е симбол на светскиот фудбал. Знам колку се грижи за овој тим и верувам дека ќе ја врати Парма каде што и заслужува“, порача Пандев.

Во првите натпревари за Парма Пандев веќе го постигна и својот прв гол.

Треба да знаете
Последни објави