Француската влада им нуди 10.000 евра на работниците за да останат во париските „забранети зони“

Како дел од акциониот план за решавање на проблемите во проблематичното париско предградиеа Сен-Сан-Дени, француската влада им понуди 10.000 евра на работниците од јавниот скетор да останат да работат во таа област, пренесува „Ле фигаро“.

Предлогот е една од 23. мерки што владата ги презентираше неделава за да и помогне на областа, која е најсиромашниот демартман во целата земја, и ќе регрутира уште 150 полицајци за да помогне во одржувањето на редот во областа.

Владата на претседателот Емануел Макрон исто така сака да ги подобри условите за домување во областа за локалните жители.

Бонусот од 10.000 евра ќе им биде достапен на различни работници во јавниот сектор, вклучително и на наставниците, бидејќи студиите покажале дека стапката на заминување во областа е многу повисока од другите делови на Франција, при што работниците од Министерството за внатрешни работи остануваат во просек само 2,7 години таму во споредба со Есон, на пример, каде што просекот е седум години.

Сличен предлог беше даден во т.н „ранливи области“, честопати наведени како „забранети зони“, во Шведска, каде владата им понуди на наставниците зголемување на платите од 1.077 долари месечно за да останат да работат во криминалните и економски неповолни области.

Планот за Сен-Сан-Дени доаѓа по неколкумесечните студии на парламентарците и владините претставници во областа со голема миграција, каде околу 20 отсто од жителите или 400.000 лица, се нелегални имигранти.

За решавање на високата стапка на криминал во областа, планот исто така повикува на реновирање на полициските станици во Олнај-су-Боа и Епине-сур-Сен, за вкупна цена од 30 милиони евра. Реновирањето се очекува да заврши до 2023 година. Уште 20 милиони евра ќе бидат вложени во напори за едукација.

Поранешниот француски државен секретар Филип де Вилиер е последниот политичар што го осуди растечкото насилство во Франција велејќи дека земјата е надвор од контрола. Во последните неколку години, многумина изразија сериозна загриженост во врска со Сен-Сан-Дени, и не само поради високите нивоа на исламистичка радикализација во областа.

Минатата година Де Вилиер тврдеше дека неговиот брат, генералот Пјер де Вилиер, кој поднесе оставка во Генералштабот за одбрана во 2017 година, го предупредил претседателот Макрон за опасностите што се создаваат со зголемување на беззаконието во предградијата.

„Ако предградијата предизвикуваат натамошни и уште понасилни бунтови, нема да имаме начин да се справиме со нив: ни недостасуваат средства, ни недостасуваат луѓе. Ова е реалноста на француската политичка ситуација “, му рекол Де Вилиер на францускиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави