Европската ракометна федерација (ЕХФ), потврди дека сите тимови, со службен резултат, ќе ги добијат дуелите кои требаа да ги одиграат со тимовите од Русија и Белорусија. Оваа одлука на ЕХФ, значи дека Вардар 1961, ќе го освои петтото место во својата група во Лигата на шампионите.
Вардар 1961, службено го доби дуелот со Мешков Брест и се обезбеди осмина-финална пресметка со Веспрем. Унгарскиот тим, на чија клупа до пред два месеци седеше актуелниот тренер на Вардар, Давид Дејвис Камара, ќе заврши на четвртото место во својата група.