Во Мексико речиси секојдневна појава се киднапирањата од различни банди поврзани со нарко картелите.
Еден од последните обиди за киднапирање е снимен од надзорна камера и покажува драматичната борба на жена возач со киднаперите. На снимката се гледа жената која вози скап џип Мерцедес , кој бил паркиран во гаража во обратна насока. Кога се затвори вратата, излезе уште еден теренец, од кој излегоа четворица мажи и се упатија кон гаражата. По неколку секунди чекање, може да се види дека Мерцедесот излегува од гаражата, ги брка киднаперите и удира во нивниот теренец.
Жената била доволно присебна за да го исправи возилото и да излета со полна брзина. Киднаперите останаа збунети и сè што можеа да сторат е да влезат во скршениот теренец и да избегаат.