(Видео) Јанушев: Ништо не е исполнето од ветувањата од локалната власт во Градско

Во Градско буквално ниту едно од предизборните ветувања, впрочем како и секаде низ Република Македонија, од страна на локалната власт не е воопшто испочитувано, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Она што дополнително можам да го кажам а што е како огромен проблем за жителите на Градско дека и покрај огромните ветувања за исплата на штетите од измрзнувањето од 2016 година, се уште не се исплатени на 130 семејства и не можат да си го остварат своето право и да го земат овој надомест. Предизборното ветување за откупниот центар за земјоделски производи исто така е еден од ветувањата кои што успеаа на еден манипулативен начин да добијат поддршка од жителите на оваа општина, но сепак воопшто и не е започнато со изградба на овој откупен центар. Тука е и проблемот со средувањето на речното корито на мостот во село Ногаевци за кое што има огромен сомнеж дека станува збор и за криминални активности, но и сериозно ја загрозува безбедноста на самиот мост“, рече тој.

Но, додаде тој, ова е нешто што е типично за работењето на, како што рече, криминално рекетарската банда на Заев.

„Факт е дека Заев паѓа, а Македонија почнува со обновата. Можеме само да им порачаме ма граѓаните да се охрабрат и да ни се придружат, да бидат со нас на овие настани каде што ќе ни ги кажат своите проблеми а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе земеме обврска за истите да понудиме решенија во новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави