Жена на возраст од околу 60-70 години утринава била пронајденa мртва во водите на реката Вардар, во близина на пешачкиот мост кај Железничка станица. Надлежните служби го извлекле телото кое не давало знаци на живот.
Жената не била пријавена за исчезната во МВР и кај неа не бил пронајден никаков документ за лична идентификација и не носела никакви лични работи. Допрво ќе се утврдува нејзиниот идентитет и причината за смртта.