Маркез призна: Падот на „Сепанг” се должи на следењето на Куартараро

Осумкратниот шампион во МотоГП, Марк Маркез призна дека неговото паѓање на квалификациите за Големата награда на Малезија е резултат на последователното следење на Фабио Куартараро. 20-годишниот пилот на Јамаха беше следен од Маркез во текот на квалификациите, но на три минути пред крајот, тој падна на свиокот бр.2. Куартараро, пак, успеа да освои пол-позиција со нов рекорд на Сепанг.

– Добро сум. Се разбира, ме боли целото тело, но беше лоша несреќа. Поставките за мотоциклот беа за добар ритам во трката, но имавме потешкотии со брзината на една обиколка. Мотоциклот беше малку нестабилен. Гумите беа топли, но можеби и премногу. Можеби агресивно го променив правецот, прокоментира Маркез по инцидентот.

Шпанецот ќе тргне едвај како 11-ти во недела, што е негова најлоша почетна позиција за сезоната 2019. Ова би можело да создаде повеќе проблеми за него, бидејќи пилотот на Хонда не влегувал во густ сообраќај оваа сезона.

– Искрено, повеќе сум разочаран што ќе започнам од 11-тата позиција. Денес, мислам дека премногу силно притискав. Новите гуми на Јамаха се многу брзи. Бев зад Куартараро, тој го смени правецот и се обидов и јас да го сторам истото, но наместо тоа, паднав од мотоциклот, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави