Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговораше на новинарски прашања и еве што кажа за актуелните теми во државава.
Господине Мицкоски слушнавме деновите дека има некои дилеми околу распуштањето на собранието односно околу изборите. Денеска премиерот Заев рече дека треба политичките партии да се подготват за избори и да се одржат на 12 април. Дали ВМРО-ДПМНЕ може да прифати некакво одложување или цврсто стоите на ставот дека мора да бидат на 12 април?
– Ние имаме договор а договорот е дека на 3 јануари имаме избор на технички премиер и техничка влада и на 12 април 2020 година имаме предвремени парламентарни избори. Тоа е договор кој што е постигнат во присуство на претседателот на државата, премиерот на државата Зоран Заев, таму беа претставници на политички партии итн. Таму се разговараше и за можностите кои што денеска се дилема и кои што денеска ги рефлектираат од страна ан СДСМ и онаа загриженост која што ја рефлектираат и јас мислам дека загриженоста повеќе се темели од стравот од катастрофален пораз на следните предвремени парламентарни избори. На тој начин доколку продолжи парламентарното мнозинство вака да се однесува, не само ја загрозуваат демократијата, не само што влијаат врз изборниот процес, туку комплетно го делегитимираат последната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски и на тој начин само дополнително создаваат недоверба кај граѓаните во Македонија.
Кога станува збор за Зоран Заев јас ќе ве вратам и неколку години наназад, се сеќавате во онаа 2015, 2016 година кога на неколку наврати се распушташе, па повторно се собираше парламентот затоа што Зоран Заев тогаш како опозиционер бегаше од соочување со народот,а сега како влада повторно бега од соочување на народот.
Јас сепак апелирам да надвладее мудроста, да надвладее трпението, да не го делегитимираме оној последен лидерски состанок затоа што ако вака продолжиме да си играме со договорите тогаш не ја гледам причината зошто во иднина ние повторно би одржувале вакви состаноци. Така што за ВМРО-ДПМНЕ за Коалицијата за Обнова на Македонија која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ следните датуми се важни, 3 јануари формирање на техничка влада, 12 април предвремени парламентарни избори. Не очекувам ниту ден плус, ниту ден минус од овие датуми.
Премиерот Заев вчера кажа дека можно е да се одложат изборите, а денеска пак вели дека ќе бидат на 12 април. Според вас на што се должат ваквите промени во неговиот став?
– Па ние сме сведоци за карактерот на Зоран Заев во минатото дека имаме политика купи ден продај, денеска е едно, утре друго. Осцилацијата од неговите ставови не е од сега, не е од денеска и од вчера, туку таа е низ месеци односно би бил по прецизен низ годините наназад. И тоа повторно ќе кажам рефлектира и создава погрешен впечаток во општеството, ги демотивира односно демолизира граѓаните во Македонија, влијае негативно и врз економијата бидејќи луѓето си прават планови, си креираат планови и тие планови ги демензионираат врз основа на навигацијата која што ние политичарите ја креираме. Повторно ќе каам тоа може целосно да го делегитимира последната лидерска средба која што се одржа и на тој начин не гледам како ние можеме во иднина да седнеме повторно и да се договараме за сериозни теми кои што се од сериозно значење за граѓаните на Македонија. Така што ќе заклучам и апелирам на разум и да се почитува договореното односно на 3 јануари техничка влада и 12 април предвремени парламентарни избори.
Имате ли виде одредено кадри за новата техничка влада за министерствата и за дополнителни заменички места?
– Немаме персонални решенија. Се уште процесите се важни и во период кој што следи ќе го формираме републичкиот изборен штаб, ќе ги формираме општинските изборни штабови, ќе започнеме со детално мерење на јавното мислење, пораките кои што планираме да гиу рефлектираме пред граѓаните, клучните зборови така што ние сериозно се подготвуваме за тоа кое што претстои а тоа се предремените парламентарни избори и имињата ќе ги дознае јавноста благовремено во втората половина на декември ќе бидат познати имињата.
Има ли план Б за Протоколот за ратификација на НАТО, ако Шпанија не успее да го ратификува кај нив до распуштање на парламентот?
-Оваа тема ја разговаравме на состанокот кај господинот Пендаровски, таму имаше представници од клабинетот на господинот Пендаровски, имаше универзитетски професори коишто дадоа толкување дека во минатото имало пракса, кога ќе се распушти собранието да се собере, јас не го зборев тоа, тие го збореа, така да побарајте толкување од таму, побарајте сведоштво што беше разговарано и што беше од нивна страна дадено како совет. Така што сите политичари, сите политички партии коишто беа дел од тој состанок го слушнаа и сите беа сведоци на тоа. Јас навистина овие осцилации не можам да ги разберам, вака не може сериозно да се однесуваме и да бараме сериозност од останатите субјекти во државата. Ние мора да покажеме сериозност кога навистина има такви предуслови за таква сериозност, а тоа беше последната лидерска средба.
– Власта ретерираше во однос на даночната политика после 10 месеци ја паузираше имплементацијата на прогресивниот данок, веќе споменавте во говорот дека доколку дојдете на власт дека ќе го вратите рамниот данок и ќе ги намалите даноците, имате ли конкретни планови колку ќе се намалат ако дојдете на власт?
– Ние и кога го воведоа велевме дека е погрешно и дека нема да ги даде погрешните резултати, тогаш бевме критикувани од истите тие владини перјаници, денеска дојдоа на она кое што ние го зборевме. Она што е за мене пострашно е што Зоран Заев, Кочо Анѓушев и останатите таму, практично кои се носители на економската политика кажаа дека имале погрешна економска политика, кој ќе ги санира последниците од таа економска политика и практично ги пуштија низ вода сите поранешни министри од редовите на СДСМ, почнувајќи од Петар Гошев, преку Никола Поповски, завршувајќи до последниот Драган Тевдовски. Така што навистина не можам да се изначудам со каква леснотија излегуваат пред новинарите и велат нашата економска политика всушност била погрешна овие три години. Кој ќе ги санира последиците, имаат можност еве и оваа прилика ја користам и апелирам до Зоран Заев и до Министерството за финансии веднаш да ги вратат парите назад кон граѓаните и кон стопанството што ги наплаќаа како арач изминативе 9,10 месеци, да се вразумат, овие неколку месеци во заминување што им преостануваат да водат рационална политика, да не водат егзибиционистички политики, да не ја доведуваат државата во подредена положба и да не ги ставаат под непријатна уцена и притисок вработените во институциите, да слугуваат на погрешните политики. После 12-ти април 2020-тата ќе има одговорност и пред законите, но и пред граѓаните, секој оној кој што сега ќе се огреши и осрамоти пред граѓаните ќе одговара, предупредувам внимателно. Тие се во заминување треба по инерција овие шест месеци да не ја доведуваат државата во подредена положба, да престанат со егзибиционистичките политики, да престанат со овој краткорочен популизам што не им носи ефекти. Граѓаните нема да заборават што се случуваше овие три години и нема да го заборават ниту арамилукот, ниту криминалот, ниту корупцијата, ниту понижувањата, ниту срамот, ниту пљачката којашто се случува ,да се повлечат од погрешните политики, да се повлечат од сите оние коруптивни тендери и закони коишто планираат да ги донесат, затоа што сериозни сме во намерата на 12-ти април 2020-тата да има одговорност без исклучок, и за оние кои што во овој момент им слугуваат, но и за нив.