Во натпреварот од 11. коло на италијанското фудбалско првенство, Рома на домашен терен го победи Наполи со 2:1. Со новите три бода „римската волчица” стигна до 22 и се искачи на третото место на табелата во Серија А, во пресрет на другите средби од оваа рунда.
Рома поведе со голот на Заниоло во 19. минута. Потоа Коларов имаше шанса да погоди за 2:0, но не реализираше пенал, Мерет му го одбрани. Следуваа минути на Наполи и одлични 5 стонастотни шанси. Смолинг вадеше од гол линија, па Милик ја погоди пречката, Мертенс стативата, немаа среќа наполитанците. Во вториот дел нов досуден пенал за Рома. Овој пат Мерет го претвора во гол за 2:0. Милик донесе само 2:1, но Наполи не се спаси од пораз. За гостинскиот тим не настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Целиот меч го одгледа од клупата за резерви.
Наполи го претрпе третиот пораз сезонава по кој остана на 18 бода, доволни за во моментов да се најдат на седмо место.