Антивладини демонстранти денеска ги нападнаа канцелариите на официјалната кинеска новинска агенција Синхуа за првпат откако избувна хаос во центарот на градот, при што полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите.
Цел на демонстрантите за првпат во месеци протести беше зградата на кинеската новинска агенција Синхуа во Хонг Конг, каде демонстрантите кршеа врати и прозорци.
Тие запалија оган и на ѕидот напишаа графит „Депортирајте ги кинеските комунисти”.
Локалните медиуми објавија снимки од пожар во редакцијата на Синхуа во Хонг Конг, графити на sидовите и искршени прозорци. Не е познато дали имало луѓе во зградата.
Цел на демонстрантоте беа и кинески банки и бизнис објекти.
Судири меѓу демонстрантите и полицијата имаше на повеќе локации во Хонг Конг