Работнички се врати со бод од Струмица

Во воведниот натпреавр од 13. коло во прволигашката фудбалска конкуренција во Македонија, последнопласираниот Работнички се врати со бод од гостувањето во Струмица кај второпласираниот состав на Академија Пандев (1:1).

Ремито е реален исход на интересниот и возбудлив натпреавр одигран на стадионот “Благој Истатов“ во Струмциа.  Домаќинот Академија Пандев поведе со голот на Стојкоски во 29.минута, а Шаркоски постигна израмнувачки гол во 73. минута за Работнички.

Возбудливи беа последните минути кога и двете екипи имаа и по една шанса за победа, но  голманите Чубраковиќ и Шишковски беа на висина на своите задачи.

Треба да знаете
Последни објави