Отворена е пештерата за туристи во која лани со денови беа заробени момчињата од Тајланд

Пештерата во Тајланд, во која лани беа заробени 12 момчиња и нивниот тренер, од вчера е отворена за туристи по 15 месеци. Пред пештерата во која тренерот и членовите на фудбалскиот клуб, минаа цели 17 дена, вчера се собраа 2.000 луѓе со надеж дека ќе бидат помеѓу првите кои ќе влезат во неа, пренесе „Бангкок пост“.

Во рамките на меѓународната акција во која учествуваа повеќе од 90 нуркачи од сите делови на светот спасени беа сите момчиња и нивниот тренер. За жал, животот го загуби припадникот на тајландската морнарица, Саман Гунан, кој загуби свест на патот кон излезот од пештерата во која доставуваше боци со кислород.

Лани местото во кое се наоѓа пештерата, туристички го посетија милион лица, но не им беше допшуштено да влезат во неа.

Треба да знаете
Последни објави