Пилотот на Јамаха, Маверик Вињалес ја освои својата втора победа сезонава во Малезија по одличниот старт и конзистентноста на „Сепанг”.
Тоа беше прв успех на Јамаха во Малезија од 2010 година.
Шампионот за сезоната, Марк Маркез успеа да напредува за осум места во првиот круг и подоцна се најде на втората позиција, но немаше шанси да го престигне Вињалес.
Трет на подиумот заврши Андреа Довициозо со Дукати, кој ја доби битката со Валентино Роси.
„Докторот” заврши зад првите 3, а по него следеше Алекс Ринс.
Шестото и седмото место беа резервирани за сателитските пилоти на Јамаха – Франко Морбидели и Фабио Куартараро, кој стартуваше од пол-позиција.
Првите 10 ги комплетираа Џек Милер, Данило Петручи и Жоан Мир.