Интегрлен текст од изјавата на Бојан Стојаноски, претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ
„Ѓорче Петров е најзагадената општина во Република Македонија, а пред некој ден бевме 9-то најзагадено место во светот на угледниот сајт Аквин кој се занимава со глобално мерење на загадувањето на воздухот.
На мерачите на воздух ги рушиме сите рекорди, а Наумоски излажа дека тоа се приватни мерачи, притоа криејќи ја свесно вистината дека се работи за мерачи на воздухот кои се поставени од Министерството за животна средина.
Дивите депонии кои никнуваат на секој чекор како депонијата во Ново Село која полека станува сериозен конкурент на Дрисла и депонијата во Хром покрај реката Вардар кои кога ќе се запалат ја загадуваат целата околина стануваат нерешлива енигма за локалната самоуправа.
Негрижата достигнува алармантно ниво. Страдаат сите наши сограѓани поради неспособноста и мрзеливоста на власта.
Нема ништо од ветувања за алпски воздух и чиста животна средина. Граѓаните во Ѓорче Петров од Наумоски како мерка против загадувањето добија само запалени депонии и детални урбанистички планови во кои се предвидени над 100 згради.
Дали маките на граѓаните, смрдеата на запалени гуми и отпад, тешкото дишење и се почестите заболувања се минорен проблем во однос на можноста за реализација на личниот интерес на Наумоски и свитата околу него?
Изминатиот период низ нашите средби со граѓаните низ целата општина овој проблем ни беше нотиран како еден од поголемите и за таа цел советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на наредната седница на Советот ќе поднесе неколку предлог мерки за подобрување на ситуацијата со загадувањето на воздухот.
Сите предлози што ни ги дадоа граѓаните преку амандмани и предлог точки на дневниот ред ќе ги произнесеме и ќе се бориме за нив, а оправдувањето дека нема средства во буџетот ќе биде неприфатливо, бидејќи доколку Наумоски и свитата само еднаш се лишат од добро познатите седенки во кафеаните, ќе се обезбедат средства барем за една од тие мерки и ќе може да им се помогне на нашите сограѓани“.