Црна Гора има повеќе банкарски сметки отколку население, најбогатиот граѓанин е со 32 милиони евра

Во Црна Гора има повеќе банкарски сметки отколку што има население. Депозит поголем од милион евра на овие сметки имаат 71 граѓанин покажуваат податоците на Централната банка на Црна Гора.

Правните субјекти, односно 62 црногорски компании пријавиле дека имаат пари на сметки во странство и тоа вкупно 12,7 милиони евра. Нема одговор од која област се овие компании, а непознато е и колку граѓани на Црна Гора имаат сметки во старнство, бидејќи според законото не се должни тоа да го пријават.

Според последните податоци од месец август, депозити поголеми од еден милион евра имаат 71 граѓанин, а рекордер е лице со 32 милиони евра, пренесуваат црногосрките медиуми. Лицето кое има најдебела банкарска сметка според медиумите не е странец, туку црногорски државјанин.

Странски државјани на сметки во Црна Гора чуваат 460,3 милиони евра, фирми од странство располагаат со 283,5 милиони евра, финасискиот сектор има 7,1 милион евра, а странските НВО имаат 3,57 милиони евра.

.

Треба да знаете
Последни објави