Деветнаесетгодишен скопјанец вчера на автопатот „Миладиновци-Штип“, кај клучка за с.Преод, со автомобил „голф“ изгубил контрола и излетал надвор од патот.
Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, а сопатникот А.С.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Свети Николе.