Како што беше најавено, сега е и официјално. Имено ФИФА во 18.30 часот се огласи со официјално соопштение во кое стои дека ФИФА и УЕФА на заеднички состанок одлучиле да ги суспендираат руските клубови и репрезентацијата на оваа земја од сите фудбалски натпреварувања. Односно ги исфрлија од сите натпреварувања.
Ова значи за почеток дека Спартак Москва е исфрлен од 1/8 финалето во Лигата на Европа а репрезентацијата нема да го види Мундијалот во Катар, односно нема да може да игра во баражите за пласман на СП. Слично е и со женската репрезентација која е дел од ЕП.
Од ФИФА и УЕФА велат дека фудбалот обединува и дека тие се во целост со народот во Украина. Двајцата претседатели се надеваат дека ситуацијата во Украина наскоро ќе се смири и дека овој спорт повторно ќе биде вектор за заедништво и обединетост меѓу луѓето.