(Видео) Пирати нападнаа норвешки танкер, киднапирани 9 членови на екипажот

Група пирати киднапирале 9 членови на екипажот на норвешката компанија „Ј.Ј. Угланд“ крај брегот на Бенин во Западна Африка, соопшти компанијата.

Пиратите се качиле на танкерот „МВ Бонита“ кога бил закотвен во пристаништето Котону за да растовари пратка од малтер.

Останатите членови на екипажот ги известиле локалните власти.

Танкерот бил на пат кон Бенин.

Норвешката компанија не ја објавила националноста на киднапираните членови на екипажот од безбедносни причини.

Треба да знаете
Последни објави